Кратовското кино беше претесно да ги прими сите гости на прославата на патрониот празник на кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“, на одбележувањето на 54 години од неговото постоење. Пред повеќе од 400 гости се одржа богата културно-уметничка програма, а за утре се закажани спортските натпревари во училишната сала. Веќе традиционално се доделија и награди, за поетска творба беше наградена Марија Тодосовска, а беше прогласен и најдобриот клас, IV-3 под раководство на класниот раководител Страхилка Милановска.
фотогалерија на линкот - https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152216061264323.1073741831.130555074322&;type=1

