Крива река незагадена, повелете на капење

Недела, 22 Јули 2012 14:26 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altВодата во Крива Река е исправна за капење, покажуваат резултатите од испитувањето спроведено од Центарот за јавно здравје Куманово.

Испитувања се спроведуваат четири пати годишно со зголемен интензитет во јули и август, кога најчесто има посетители на излетничките места лоцирани покрај реката.

-Во однос на бактериолошкиот квалитет водата одговара на втора до трета категорија, што значи дека може да се користи за капење, информира доктор Мимоза Поповска од Центарот за јавно здравје. Во Крива Река, забележано е зголемено присуство на фосфор и детергенти, што покажува дека по течението на реката се испушта вода од домаќинствата, поради што треба да се преземат мерки за пречистување.

Сподели