Љубисав Иванов - Ѕинго се повлекува од пратеничката функција

Понеделник, 24 Септември 2012 12:55 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt Лидерот на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов Ѕинго се повлекува од пратеничката функција. Информацијата ја потврдија и од неговата матична партија од каде велат дека Иванов веќе испратил оставка до Собранието во која стои дека се повлекува од пратеничката функција поради лични причини. Од СПМ велат дека Ѕинго и натаму останува лидер на партијата.
Љубисав Иванов Ѕинго е македонскиот пратеник со најдолг стаж. Тој беше дел од македонскиот законодавен дом во сите мандати.

Сподели