Влажниот бран од север проследен со дождливо време и магла донесе големи проблеми за возачите на моторни возила. Утринава на патниот правец Страцин - Кратово се случиле неколку излетувања од патот, кои за среќа завршиле без посериозни последици за патниците. На 3-4 километри пред Чатал, во близина на мостот на Крива Река, утринава излетале од патот и се превртеле два автомобили со пробиштипска регистрација. Лошото време продолжи во текот на целиот ден и вечерва, па апелираме возачите да бидат крајно внимателни за да се избегнат сообраќајни несреќи.


