Пред дваесеттина дена славеа матурантите од кратовската гимназија, синоќа се веселеа полуматурантите од основното училиште, а денеска во главна улога беа „најмалите дипломци“ од кратовската градинка „Царка Андреевска“. Растреперени гласчиња, весели лица, можеби и по некоја солза што нашите „сонца“ се разделуваат од својот втор дом, но и од своите најсакани учителки Маде и Биле. Песнички, ора, блицеви, по некое цвеќе, многу чоколадни бонбони и аманет од учителките малите дечиња да го продолжат наесен како првоодделенчиња она што го започнаа во нивната сакана градинка...