22-годишниот Мартин Димитров го фати богојавленскиот крст во Кратово. Крстот беше фрлен во осветените води на градскиот базен во Кратово, пред повеќе од илјада верници.
-На сите Македонци – христијани им го честитам големиот празник Водици и им посакувам многу здравје, среќа и љубов – изјави Мартин Димитров веднаш по фаќањето на крстот.
По крстот годинава скокнаа рекордни триесетина момчиња. За најсреќниот меѓу нив, градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, обезбеди награда.
-Како и години порано, така и годинава Општина Кратово ја одржува традицијата на фрлање крст за Водици. За најсреќниот што го фати крстот Општината Кратово му додели „плазма“ телевизор – истакна градоначалникот Мите Андоновски.
На сите што скокаа по крстот, митрополитот кумановско – осоговски, г.Јосиф, им подари синџирче со осветен крст. Оливер Арсовски
фото - ДАЛИ Фотографи