Матурантот Давид Велковски го фати крстот во Кратово

Вторник, 19 Јануари 2016 12:39 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Матурантот Давид Велковски го фати богојавленскиот крст во Кратово. Крстот беше фрлен во осветените води на градскиот базен, пред околу илјада верници. И покрај студеното време, годинава по крстот скокнаа петнаесет момчиња.
-Вторпат скокам по крстот, и еве оваа година ми се посреќи. Посакувам крстот да ми донесе лична среќа и здравје, а на сите верници мир и спокојство во душите и благосостојба во животот – изјави Давид Велковски, ученик во кратовската гимназија.
Градоначалникот на општината, Мите Андоновски, му подари телевизор, а свештениците на сите скокачи им подарија осветено крвче.  
фотографија
: Оливер Арсовски alt

Сподели