Миле Марковски е нов василичарски кум во кратовската гимназија

Вторник, 13 Јануари 2015 14:52 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altВеќе петта година по ред се делеше лепче со паричка за Стара Нова година во кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“. Денеска му се посреќи на поранешниот директор Миле Марковски, кој следната година ќе биде василичарски кум.
Прв кум пред пет години беше ликовниот педагог Бојан Костадинов, следната година паричката заврши кај ИТ администраторот Љупчо Смиљковски. Потоа се посреќи кај Зоран Гиразовски, а лани паричката заврши кај секретарката Даниела Трајковска.
Годинава василичарската средба беше збогатена со присуството на пензионерите Стојан Миланов, Страхилка Милановска, Миле Марковски, Нада Коњановска и Душка Атанасова.

alt

Сподели