Старото градско јадро во Кратово повторно блеснува во полн сјај. Денес министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска ги промовира петте целосно конзервирани и реставрирани дуќани, сместени во познатата ајдучка чаршија. Со ова се отвора можност некои стари занаети повторно да заживеат, а во еден од дуќаните општината ќе отвори сувенирница со информативно биро за туристите.
И градоначалникот ја истакна одличната соработка што ја има со Министерството за култура.
Министерката Канческа ја посети и црквата „Св. Јован опсечен“, во која се одвиваат активности за реставрирање на стариот фрескоживопис. Таму под новите новите фрески и дебелите слоеви вар, неодамна се откриени стари извонредно значајни фрески, кои допрва ќе бидат целосно претставени пред јавноста.
При посетата на Кратово, министерката Канческа акцент стваи на подземните тунели, како огромен туристички потенцијал на градот. Министерката најави дека следната година Златкова кула ќе добие нов ентериер, со што Кратово ќе добие три комплетно реставрирани кули како дел од својата културна понуда. Оливер Арсовски
ФОТОГАЛЕРИЈА
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152999812223957.1073741867.155289693956&;type=3&uploaded=9

