ООЦК Кратово во рамките на ЦКА-ПХБ програмата односно црвен крст во акција, промоција на хумани вредности, преку кој циклус волонтерите работеа на проектот подари пакетче – подари насмевка.
Во рамките на овој проект волонтерите – учесници во проектот, собираа донации низ продавниците и маркетите во Кратово, каде што продавниците дадоа позитивен допридонес, кои донира прехранбени производи потребни за пакетчињата. Пакетчињата беа направени од самите волонтери, каде што тие ги изработија и исто така изработија честитки и нараквици за рака, со кои им ги честитаа празниците на лицата со посебни потреби.
Сето тоа комплетирано во пакетчиња и волонтерите денеска беа во посета во дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост , кај лицата со посебни потреби каде ги врачија направените пакетчиња кои ги правеа подолго време со надеж дека тие лица кои се сместени во центарот ќе бидат многу изненадени и среќни. Тоа и се случи, подарувањето на пакетчињата изнуди задоволни насмевки на лицата на овие деца со посебни потреби, а пак кај волонтерите кои ги подготвуваа пакетчињата исто така имаше насмевки на лицата бидејќи знаат дека некого усреќиле. Далибор Цветановски