МОБИЛИЗАЦИЈА: Еве кој се донираше средства за лекување на Давид од Кратово

Петок, 30 Декември 2016 18:51 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Не само што не стивнува, туку хуманитарната акција за Давид Стојановски од Кратово уште повеќе зема замав. Донации пристигаат од сите страни на планетата, граѓани, фирми, спортисти, ученици се мобилизираа фотографија на Плоштад „Павел Шатев“ - Кратовомаксимално за што поскоро да се соберат потребните 54.000 евра за лекување на злокобната болест на коските и белите дробови на тринаесетгодишниот Давид.
Учениците од IV-3 клас од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ за една вечер, по принципот од фотографија на Плоштад „Павел Шатев“ - Кратововрата до врата, собраа 14.000 денари кои ги предадоа на семејството на Давид. Парична донација ќе следува и од вработените од средното и основното училиште од Кратово, секако и од учениците кои деновиве собираа средства.
Сестрите Мартина и Мила, девојчиња од Скопје, откако ја прочитала тажната сторија за болното дете, денес беа во Кратово за да му донесат подарок на Давид, да му ја врачат личната заштеда од 1.000 денари и да му посакаат побрзо оздравување.
фотографија на Плоштад „Павел Шатев“ - КратовоСредношколката Ива Јакимовска, која се занимава со шминка, сите средства што ќе ги земе за обликување веѓи, фризура, нокти и шминка, ќе ги намени за лекување на Давид.
Фудбалерот на Силекс, Валмир Јонузи, еден дел од платата која денес ја зеде од кратовскиот прволигаш ја донираше на младиот кратовец кој сонува да стане фудбалер, но болеста го оддалечи од терените.
фотографија на Плоштад „Павел Шатев“ - КратовоЕлена ги посети сите конфекции во Пробиштип и покрена акција кај 800 текстилни работници и газдите на фирмите за донација за Давид.фотографија на Плоштад „Павел Шатев“ - Кратово
М... од Кратово без размислување уплати поголема сума на сметката на семејството Стојановски, а истото го стори и компанијата Траншпед. Со посредство на кратовка која работи во Скопје, три странски фирми побарале девизна сметка за да уплатат средства.
Се јави и Жаре Бербер за да посредува околу бавната процедура за одобрување на донаторски броеви на мобилните оператори. И работата се заврши за еден ден, а можеше да трае најмалку еден месец.

Вакви примери за хуманост и загриженост за здравјето на Давид има безброј, сите нема да можеме да ги наброиме. А тоа дава надеж дека Давид наскоро ќе замине за Австрија, а од таму ќе слушнеме добри вести за неговото здравје.

Сподели