41-годишник пронајден мртов во куќа на ул.„Јосиф Даскалов“ во Кратово

Четврток, 02 Јуни 2016 18:35 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Маж бил пронајден мртов вчера околу 9 часот во куќа на улица „Јосиф Даскалов“ во Кратово.

Четириесет и едногодишниот маж со иницијали Ц.Н. живеел во куќата како потстанар.

Увид на местото на настанот извршил ЈО, увидна екипа на ПС-Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Сподели