НАРКОНОН - Клучот за нов почеток ! Живеење на живот без дроги !

Среда, 15 Јуни 2016 13:47 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altСемејствата кои се погодени од зависноста од дроги веќе знаат колку е тешко да се реши овој проблем. И јас пред една деценија бев дел од ваквите семејства – вели извршниот директор на Нарконон Балкан Александра Димевска. Јас и најблиските мои, во тој период знаевме дека тоа не е болест за да се третира, ниту пак пак еден зависник не е доживотен зависник .

Уште од 2005 год, член на моето семејство ја направи Нарконон Програмата и веќе од тогаш до сега, не користи никакви опојни супстанци, ниту дрога ниту алкохол, ниту пак лекарства. Тоа беше само почеток за неговиот пат кон успехот. Таа личност за мене е вистински херој, кој после Нарконон Програмата оформи свое семејство, се едуцираше, работи и денес помага на други кои го имаат истиот или сличен проблем, исто беше поттик и за мене да станам дел од тимот на Нарконон Балкан.alt

Нарконон Програмата е базирана на откритијата и делата на г. Хабард. Уште во 70-те години кога рекреативните дроги почнале да завземаат голем простор во скоро секое општество. Нарконон во Македонија постои уште од 2004 година, во с. Конопиште (Кавадарци) и е единственото место на Балканот, а други Нарконон центри постојат насекаде ширум светот. Оваа интернационална Програма е составена од неколку витални чекори за трајна ефикасност.

За секој студент има лично по еден Специјалист за одвикнување, кој е таму 24/7 за него/неа, се со цел да му помогне да се намалат непријатностите и болните симптоми, со примена на здрава храна и специјални техники.

Следен е чекорот – детоксикација, тоа значи комбинација од вежбање во форма на трчање, потење во сауна, и внимателно надгледуван режим на хидратација и исхрана, на овој дел се разградуваат и исфрлаат токсичните супстанции, кои се заробени во телото, или поточно во масното ткиво и после години по употребата на дроги.

После детоксикацијата, постојат други чекори од Нарконон програмата кои што, јас би ги опишала на следниов начин: како што постојат вештини за физичко подобрување , исто така тука - во Нарконон, постојат и можат да се научат животни вештини. Во Животните вештини, спаѓаат способноста за работа, комуникацијата итн., а лицата кои се зависници, некаде по пат ги изгубиле тие вештини, или тоа би значело враќање на способностите кои ги имале пред употребата на дроги.

Згрозена сум кога ќе слушнам како бројот на зависници се зголемува, како се повеќе малолетници се заробени во тој опоен свет, и од фактот дека зависноста во Македонија е сеуште табу тема . Тоа ми дава уште поголема волја и храброст да се борам заедно со мојот тим против тие зависности.

Нашата цел е да им помогниме на оние кои сакаат да си го вратат својот живот назад. Не го игнорирајте и не го избегнувајте ова што го причитавте, заедно можеме да помогнеме некому .

Можи да не исконтактирате на : 075 469 446 / 043 800 097 www.narconon-balkan.org

И да ги добиете сите информации кои ви се потребни .

Сподели