Наставата продолжува „онлајн“, се воведува и национална платформа за е-училница

Вторник, 24 Март 2020 14:17 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

учебната година продолжува „онлајн“, училиштата сами ќе треба да ја организираат наставата на далечинско учење, а Владата ќе понуди платформи за поддршка, соопшти денеска министерот за образование Арбер Адеми.

„Опфатени се видео конференциските форми, електронската пошта и слични опции, кои овозможуваат настава без физичко присуство на засегнатите. Наставниот кадар ќе организира вежби, проверки и објективни тестови на знаењето на учениците. Бирото за развој на образование веќе изработува упатство за начинот на оценување и наставниците ќе добијат инструкции,“

рече Адеми на денешната прес-конференција.alt

Од утре се отвора и првата национална платформа за е-настава, која ќе биде достапна на адресата www.eduin.gov.mk. Таму ќе се прикачуваат видео лекции за сите задолжителни предмети, за сите одделенија. Видео лекциите ќе траат 15 минути и ќе бидат со видео нарација од наставници кои доброволно ќе се понудат да ги снимаат.

„Ние ги информиравме сите училишта, со апел до наставниците да се вклучат во оваа иницијатива. Досега се пријавени 600 наставници. Сите добија обрасци и упатства за подготовка за видео лекции и видеата веќе пристигнуваат и се проверуваат. Секако очекуваме бројката драстично да расте во следните денови“,

рече Адеми.

Адеми добил мислење од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски дека целата територија на државата е добро покриена со интернет. Се размислува и за опција за доделување на ваучери за да се приклучат на интернет оние семејства кои во моментов не можат да си го дозволат тоа.

Адеми вели дека универзитетите веќе почнале без проблем да ја спроведуваат онлајн-наставата, но, очекува дел од училиштата сепак да се соочат со предизвици. Тој апелира сите кои би имале проблем за следење на онлајн-наставата да се пријават во Министерството за образование.

Сите одлуки се донесени од страна на Владата, со уредби, со што овие мерки стануваат законски, рече Адеми. Целата прес-конференцијата на министерот може да ја погледнете во видеото во продолжение.

 
Сподели