Не пропуштајте ја првата епизода на „Тврдокорни“ посветена на Јосиф Даскалов (недела 20.45 часот)

Сабота, 13 Април 2013 07:49 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Утревечер (недела, 20.45 часот) на МТВ започнува втората сезона на суперпопуларната серија „Тврдокорни“. Првата епизода е посветена на кратовскиот револуционер Јосиф Даскалов и истата е снимена на локации во Кратово. За нас е посебно интересен фактот дека во епизодата како актери се појавуваат десеттина наши сограѓани, матуранти од кратовската гимназија. Значи, утревечер, во 20.45, нема гледање Милан - Наполи, или Билбао - Реал, ниту НБА, ниту „Големиот брат“... ТВРДОКОРНИИИИИИИИИ...

alt

ЈОСИФ ДАСКАЛОВ

Роден е во 1868 година во Кратово. Бил учител во Скопје и Кратово. Во Организацијата стапува многу рано и бил еден од главните организатори во Кратовско.

За време на Виничката афера (1897) бил затворен од турската власт и во затворот подложен на инквизиторско мачење. За да ги заведе, на турската власт и посочил лажно место, каде божем се наоѓала скриена архивата на Организацијата од Кратовскиот реон. Кога ја одвел полицијата на тоа место, се прекрстил и скокнал од една висока карпа во бездната. По некое чудо останал жив.

Во 1902 година бил амнестиран и се вратил, но егзархистите не му дозволиле да се вработи во Кратово, туку во Злетово.

Умрел во 1909 година, отруен од Турците.

Сподели