Нов лик на паркот „Карши бавча“, ветува Мите Андоновски (ВИДЕО)

Вторник, 12 Март 2013 16:58 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Запуштениот парк „Карши бавча“ во Кратово до крајот на годината ќе биде комплетно уреден со ново зеленило, амбиентално осветлување и патеки за рекреација.Ова им го вети на кратовчани кандидатот за градоначалник од редовите на СПМ, Мите Андоновски, барајќи ја довербата за трет мандат.

-„Карши бавча е единствениот парк кој го имаме во градот. Во мојата изборна програма е предвидено целосно да се реновира, хортикултурно да се уреди, да се засадат нови садници и да се отстранат старите исушени дрвја, и да се осветли со нови канделабри. Овој зелен шумски појас сакаме да биде место каде и младите, но и постарите жители на градот ќе можат да дојдат и да поминат дел од своето слободно време – порача кандидатот за градоначалник Мите Андоновски.

Во рамките на овој зелен шумски појас се наоѓаат и двата средновековни бора, стари над шестотини години. Во иднина тие ќе бидат дел од туристичката понуда на градот Кратово.

alt

Сподели