Обложувачите во паника, „Детонатор“ ги затвори обложувалниците во Кратово

Вторник, 10 Април 2012 15:44 Оливер Арсовски 2 Коментари
Печати

Вчера во нова голема акција на Управата за Јавни Приходи, на територијата низ државава, во повеќе градови се откриени нови нелегални коцкарници и обложувалници во кои се одвивале незаконски игри, далеку од очите на законот. 

Медиумите известуваат дека во две села во близина на Прилеп и во струшко Радолишта се запленети неколку покер апарати. Акцијата исто така се проширила и во Велес и околината каде исто така е откриена дива коцкарница и се запленети 5 покер апарати. Нелегално работење со игри на среќа имало и во неготинското село Бистренци.

Понатаму, во Охрид на запад и Кратово на исток инспекторите од УЈП ја затекнале истата ситуација: Непријавени обложувалници кои приредувале игри на среќа кои не се легитимни во Македонија. Сите објекти по завршувањето на акцијата се веднаш затворени.

Од УЈП само потврдија дека во сите овие локали се одвивал голем обрат на финансиски средства кои не биле никаде пријавувани, па така се нанесени сериозни штети по буџетот по различни основи: затајување на данок, неоданочен промет.

Дали акцијата полека се шири и кон главниот град, дали Скопје се чува за крај?

alt

Сподели