Од денес започна третиот мандат на градоначалникот Андоновски, врачени уверенијата и на советниците

Петок, 05 Април 2013 14:41 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Претседателот на Општинската изборна комисија на Кратово, Љупчо Голубанов, денес му го врачи Уверението за избран градоначалник на Општина Кратово на Мите Андоновски.

Ова е трет мандат на градоначалникот Андоновски, кој беше реизбран на локалните избори одржани на 24.03.2013 година. Порталот „АБЕРЏИЈА“ му посакува успешна работа и многу реализирани проекти во следните 4 години.

На свеченоста покрај претседателот и членовите на ОИК на Кратово присуствуваше и општинската администрација, а уверенија добија и 15-те советници. Веќе за во среда е закажана и конститутивната седница на општинскиот совет.

alt

Сподели