Од хидросистемот „Злетовица“ струја за цело Кратово и Пробиштип

Четврток, 26 Јули 2012 12:03 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altМинистерството за земјоделство и шведската фирма „Свеко“ потпишаа договорот за консултантски услуги за изработка на техничка документација за втората и третата фаза од проектот Хидросистем „Злетовица“. Техничката документација треба да биде изготвена за седум месеци по што ќе почне изградбата на објектите за наводнување и за производство на електрична енергија, активности опфатени со втората и третата фаза. За оваа намена се одобрени еден милион евра од Европската инвестициска банка.Градежните активности се очекува да почнат догодина, по распишувањето меѓународен тендер. Инсталираната моќ на планираните осум мали хидрицентрали ќе биде околу 13 мегавати, односно 50 милиони киловат часови годишно производство. Ова според директорот на ХС Злетовица, Стојан Миланов е доволно за комплетно да се задоволат потребите од електрична енергија на општина Кратово и Пробиштип. Овој проект ќе се овозможи непречено функционирање на ХС „Злетовица“ без каков било проблем во однос на обезбедувањето вода за населените места Штип, Пробиштип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, како и квалитетно наводнување на околу 4.000 хектари земјоделско земјиште.

Сподели