53 година од постоењето на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ се одбележаа вчера во кратовската гимназија. Пред повеќе од 200 гости се одржа богата културно-уметничка програма, а во понеделник ќе следат повеќе спортски настани. Веќе традиционално се доделија и награди, за ликовна творба, за поетска творба... Беше прогласен и најдобриот клас, IV-3 под раководство на класниот раководител Сашка Јаневска.