Одбележан патрониот празник на СОУ „Митко Пенџуклиски“

Петок, 17 Февруари 2012 18:31 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

52 година од постоењето на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ се одбележаа вчера и денеска во кратовската гимназија. Пред повеќе од 200 гости се одржа богата културно-уметничка програма, а вториот ден го одбележаа повеќе спортски настани. Во најдобро светло се претставија фудбалерите, кои со головите на Бојан Андоновски и Филип Николовски се изборија за 2-2 во финалето, а победничкиот погодок од пенал го постигна Милко Кочовски. Веќе традиционално се доделија и награди, за ликовна творба ја доби Михајловска Дијана, а за поетска творба Ана Стоилковска и Јасмина Трајкова. Беше прогласен и најдобриот клас III 3 под раководство на проф. Сашка Ивановска.

Во чест на патрониот празник, на влезот од училиштето беа поставени три јарболи на кои во иднина ќе се веат знамињата на училиштето, општината Кратово и државата.

alt

Сподели