Одбележана акцијата „Засади ја својата иднина“

Среда, 30 Март 2011 15:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Министрите Маневски и Димовски засадија дрвца во Кратово

пишува - Оливер Арсовски

Граѓаните на Кратово беа почестени со присуството на двајца министри и двајца пратеници, како дел од акцијата „Засади ја својата иднина“. Министерот за правда Михајло Маневски и министерот за земјоделство Љупчо Димовски, заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од нашата Општина, Марјанчо Колевски, и пратеничката на СПМ Владанка Авировиќ, ја надгледуваа акцијата и дадоа позитивни оценки за масовноста во нашиот град.

-Јас како шумарски инжењер најдобро знам какво големо значење имаат ваквите еколошки акции за една земја. Акцијата веќе трета година успешно се спроведува, иако кај нас во Кратово вакви акции континуирано спроведуваме 20-30 години наназад - истакна пратеникот Марјанчо Колевски.

На ниво на држава се засадија околу 3.000.000 листопадни и иглолисни садници со кои ќе се даде значителен придонес во унапредувањето на животната средина. Годинава на подрачјето на Општина Кратово се зазеленуваше пвршината под основното училиште „Кочо Рацин“ и локацијата „Стара Мусала“.

 

Сподели