Одличен резултат на Андреј Митевски на „Кенгур“, четврти во земјава

Среда, 21 Мај 2014 17:38 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altМатурантот Андреј Митевски од Кратово постигна навистина одличен резултат на математичкиот натпревар „Кенгур“. Тој во конкуренција на стотици матуранти од целата држава освои 93 од можни 120 поени и се пласира на одличното четврто место на државно ниво во конкуренција на ученици од четврта година. Негов ментор беше професорот Ѓорѓи Цветков.
Одличен резултат постигна и петтодделенецот Велин Китановски, под менторство на наставникот Јаворка Цветановска. Тој освои дури 110 бодови, но во вкупниот пласман го освои 65-тото место меѓу петтодделенците.

Сподели