Денешното невреме во кратовско го оштети патот кој води кон селото Куклица. Наш читател ни испрати фотографија на која се гледа дека асфалтниот пат е однесен од надојдена вода и жителите на една населба нема да можат следниве денови да го користат со своите моторни возила.


