Одржана трибина „Република млади“

Петок, 02 Март 2012 15:02 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Пишува: Валерија Смиљковска и Симона Атанасова

Говорници на трибинатата беа:

Надица Паневска- Реактор истражување во Акција

Соња Стефановиќ- Претставник од Младински Образовен Форум МОФ

Мустафа Јакупов- Претставник од РРОМА

Гоце Стојановски-Здружение на независни иницијативи ЦНГИ- Кратово

 На 29.02.2012 во просториите на општинската сала во Кратово се одржа Трибина- Млади, каде што се дискутираше за проблемите на младите кратовчани. Тука младите се изјаснија кои се нивните проблеми од секојдневието. Како главен проблем се истакна иселувањето на младите од Кратово, а главен фактор за тоа е невработеноста и тешката економска состојба. Освен тоа како друг причинител е и недоволно привлечниот културно- забавен живот. Во врска со ова се истакна немањето на кино сала, театар, парк... Од оваа трибина се дојде до заклучок дека иселување на населението може да се случи изумирање на Кратово. Како најдобро можно решение се предложи формирањето на младински парламент во кој младите ќе можат да издејствуваат и да ги остварат своите идеи.alt

 

 

 

 

Сподели