Ограбена златарата „Мошо“ во Кратово, пленот над 3.000 евра

Понеделник, 23 Април 2012 11:32 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
Ограбена златара во Кратово
 Непознат крадец “се збогатил“ за 200.000 денари откако ноќеска ограбил златара на улицата „Гоце Делчев“ во Кратово.

Според полицијата, крадецот со погоден алат го искршил цилиндерот од вратата на златарата “Мошо“, сопственост на педесет и четригодишниот М.Н. ноќеска околу 3.50 часот. Арамијата набрзина собрал поголема количина на златен накит и побегнал во непознат правец. Штетата од грабежот се проценува на 200.000 денари.

Сподели