Општина Кратово изгради модерен паркинг простор

Сабота, 24 Јуни 2017 14:29 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Паркинг просторот во Општина Кратово од подамна е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува локалната власт и кој бара итно решавање. Состојбата со паркирањето деновиве значително е подобрена, откако беше изграден современ паркинг за триесетина возила, со сообраќајна сигнализација и хортикултурно уредување. Средствата беа обезбедени од грант на Европската Унија за подобрувањена општинските услуги.
Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, е задоволен од изградениот паркинг, но свесен е дека нема да го реши проблемот со паркирањето, особено во летниот период кога има наплив од туристи.
-Паркинг просторот е мал и нема целосно да го реши проблемот со паркирањето. Треба да се размислува за ново идејно решение и во иднина треба на тоа да се посвети внимание. Сепак, и изградбата на овој паркинг простор ќе придонесе за подобрување на паркирањето во Кратово – истакна градоначалникот Мите Андоновски.
За поголема безбедност во сообраќајот, општината изгради и тротоари во должина од 500 метри, од паркингот до автобуската станица во Кратово.
Оливер Арсовски

alt

Сподели