Општина Кратово успешно се справува со снежната покривка која ја зафати општината во текот на изминатите денови.
Организирана екипа со специјализирано возило со нож за чистење снег изврши чистење на локалните улици на територијата на општина Кратово, со што се создадоа услови за непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Сите улици во градот се пробиени од специјализирани возила, а фрлени се поголеми количини сол и ризла.