Организацијата на резервни официри прослави 70 години постоење

Недела, 08 Мај 2022 10:19 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
altНа 29. април 2022 година Организацијата на езервни официри на Република Македонија го одбележа јубилејот 70-години од формирањето, 1952-2022.
Одбележувањето на јубилејот се реализира во два дела, во 16.00 часот во Домот на Армијата се одржа седница на Собранието во проширен состав со работен и свечен дел, а во 19.00 часот се одржа ЈУБИЛЕЈНАТА АКАДЕМИЈА 70-ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ОРОРСМ.
На седницата на Собранието во работниот дел се усвоија Извештаите за работа и финансирање во 2021 година и Програмите за работа и финансирање во 2022 година и беше донесена Одлуката за доделување Признанија по повод Јубилејот.
На свечениот дел, свое обраќање имаше претседателот на Организацијата д-р Гоце Георгиев, а потоа се пристапи кон доделување на признанија на заслужни и истакнати активисти како и соработнци на ОРОРСМ.
Во оваа пригода Плакета на ОРОРСМ се додели на: претседателот д-р Гоце Георгиев, потпретседателот Љупчо Вуксанов, секретарот Никица Бангиева, Државниот секретар Драган Николиќ, Организацијата на резервни офицери на Република Словенија и Организацијата на рзервни офицери на Република Албанија, а плакетата посветена за д-р Тони Петрески ќе биде доделена постхумно.
Мала плакета и значки, се доделија на членовите на Собранието и на активисти кои дале допринос во работата и развојот на Организацијата.
Во 19.00 часот, во Концертната сала на Домот на Армијата се одржа Јубилејната академија, на која по интонирањето на химната, преседателот д-р Гоце Георгиев ги поздрави присутните гости и членови на Организацијата и одржа свечен говор, а по читањето на Одлуката за доделување на признанија,од секретарот Никица Бангиева, се доделија Големи плакети на министерката за одбрана, Славјанка Петровска, Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во име на Претседателот Стево Пендаровски, плакетата ја прими советникот за национална безбедност на Претседателот, Блерим Кољали и на GAMINGER INICIJATIVATA, која ја прими бригадниот-генерал Мартин Југовец.
По доделуваето на плакетите, се прочитаа телеграмите со поздравни говори и честитки, од Меѓусојузничката конфедерација на резервни офицери (CIOR) и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.
По читањето на телеграмите, министерката за одбрана Славјанка Петровска ги поздрави присутните гости и резервни офицери и оддржа пригоден говор по повод ЈУБИЛЕЈОТ, 70-ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ОРГНИЗАЦИЈАТА.
На настанот присуствуваше и делегација од Кратово предводена од општинскиот претседател Тони Ивановски и членовите - резервни официри Марјанчо Јаневски, Оливер Арсовски и Далибор Трајчев.
alt
Сподели