Отруен волк пронајден утринава на 100 метри од Здравствениот дом во Кратово

Сабота, 12 Декември 2015 14:55 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altОткако пред една година шумарите со секира отепаа волк во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во Кратово, утринава повторно сличен настан ги разбранува духовите во малото градче на североистокот. Имено, жителите на кратовската населба Вршник утринава забележале возрасен волк како лежи неподвижен на десеттина метри од куќата на семејството Ефремов, а стотина метри од Здравствениот дом во Кратово.
-Доцна во ноќта го слушнавме болното виење на волкот, но немавме храброст да излеземе. Утринава при обиколка го забележавме мртвиот волк, кој немаше никакви повреди или рани по телото. Мислиме дека волкот е отруен, затоа што во последно време наоѓавме и кучиња кои беа отруени и со подуен стомак - велат очевидци на настанот.

Сподели