Отворен повик на Мировниот корпус

Понеделник, 30 Март 2015 14:06 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5a/US-PeaceCorps-Logo-alt.svg/480px-US-PeaceCorps-Logo-alt.svg.pngВо текот на оваа година се очекува нова група на американски волонтери коишто ќе работат во рамки на програмите за унапредување на наставата по англиски јазик и развој на заедниците.

Со цел идентификување на институции и организации со кои ќе работат волонтерите, Мировен корпус објави отворен повик за апликации за волонтер за 2015 година.

Повикот е отворен за сите основни и средни училишта, општини и здруженија на граѓани. Повикот и апликациите ќе можете да ги симнете од веб страната на Мировен Корпус Македонија:

http://macedonia.peacecorps.gov/resources.php

Рокот за аплицирање е до 10 април 2015 година.

Сподели