Павел Шатев прв ги известил СССР дека Германија подготвува напад врз нив

Понеделник, 26 Август 2013 13:54 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://i1.ytimg.com/vi/0nbd2raDvZE/hqdefault.jpgПавел Шатев, легендарниот гемиџија, македонски национален деец, државник во првата македонска Влада, единствена политичка личност со три полициски досиеја, македонско, бугарско и руско, е и единствениот што прв ги информирал Советите дека Германија се подготвува да ги нападне (план Барбароса), само неколку дена пред да се случи тоа. Известувањето го испратил под псевдонимот „Шпил“ (што на германски значи тивок, мирен) во форма на телеграма преку својата радиостаница. Некое време, Шатев, и покрај тоа што постојано бил сослушуван и следен во Софија, сепак движејќи се во кругови на бугарските комунисти, офицери, министри - поранешни и актуелни во бугарската влада, истражувал и дознал дека Германија испраќа храна, се подготвува за напад. Сите овие факти, лично опишани од перото на Шатев, се дел од четвртиот том посветен на овој деец, насловен како „Полициско досие“. Погоре споменатите случувања, неговото признание дека од средината на 1922 година станал професионален разузнавач за потребите на Советскиот Сојуз, како и многу други моменти, лично оставени од него, во оваа засега последна книга, во интервју за „Дневник“ ги објаснува директорот на Државниот архив на Македонија, Зоран Тодоровски.

По првите три тома: „Историјата на Македонија“, „Борис Сарафов (биографија)“ и „Спомените на Павел Шатев“, ова е четврта, но не и последна книга посветена на дејноста на овој македонски револуционер.

- Се работи за досега непознати трудови на Павел Шатев, барем за пошироката јавност, кои во најголем дел ги правел за време на затворските денови во Ќустендил од 1943 до септември 1944 година. Се однесуваат на една мошне богата историографија. Но најважно е што придонесуваат за добивање појасна објективна и пореална слика, за состојбите во Македонија, за нашите организации и дејци, за нивната промакедонска дејност, барањето патишта за формирање на Македонија, решавање на македонското прашање и создавање посебна држава. Мислам дека денес овие дела треба, пред с`, нам како македонска нација да н` освестат дека имаме своја сопствена историја, во која нашите дејци имале свои организации. Во ниту еден од доказите со кои располагаме тие не се споменати, ниту напишале нешто друго освен Македонија. Нашите дејци, тука ќе нагласам дека ниту во ВМРО на Тодор Александров, не споменувале Македонија да се приклучи кон Бугарија, кон Србија или кон која било друга балканска држава. Единствено се залагале за самостојна единствена независна македонска држава.

Што друго е овековечено во овој том а што досега не било познато за историчарите и за пошироката јавност?

- Во „Полициско досие“ се објавени оригиналните записници и неговото сослушување во Истражниот затвор во Скопје од 1948 до 1950 година. Интересно и досега непознато е што во нив јасно се гледа оти тој не подлегнал на притисоците од полициските истражни органи, туку слободно ги изнесува своите ставови, не се плаши од нив, напротив, спокојно ги искажува. Исто така без воопшто да крие вели оти бил професионално ангажиран од Советскиот Сојуз како разузнавач и работел за месечна плата. Малку е позната приказната за сопствената радиостаница, за која е врзано и самоубиството на Kоле Неделковски, кој за да не падне во рацете на бугарските власти кога ја откриле, се фрлил од 4 кат.

Kакво е нивното значење за македонската историографија?
- Другите четири книги се однесуваат на неговите статии објавувани во весниците на македонската имиграција, особено во весникот „Македонско дело“, шестиот том ќе биде зборник на документи напишани од неговото перо, претпоследната книга е посветена на петте брошури посветени на македонската историја - за кои малкумина знаат. И последниот, 8 том, е објавување на неговата книга „Македонија под ропство“, која во Бугарија доживеа дури 3 изданија. Досега овие спомени ниту еден историчар во Македонија не успеа да ги објави и прикаже, оти знаеме дека до 1991 година тука владееше една строго контролирана политика. Постоеше единствен обид во 1985 година, но заврши неславно од веќе споменатите причини - стравот од комунистичката власт во Македонија. Тогашниот директор еден од овие спомени му ги даде на доктор Иван Kатарџиев, а друг дел на публицистот Саша Маркус, но потоа во еден момент ги повлече назад.

30 нови монографии за македонските дејци

- Со одлука на Владата, во план е изработка на 30 нови монографии посветени на македонските револуционери. Мал дел од нив се привршуваат - вели Тодоровски. На овој начин, смета тој, ќе ~ дадеме до знаење на европската и на светската јавност дека битката за посебна македонска држава постоела од многу одамна, а сите писмени траги токму од нашите дејци, треба да останат како вечен мотив да ја чуваме суверена Македонија. Или како што во една пригода Павeл Шатев запишал: Јас сум македонски деец и работам исклучиво за македонските национални потреби“

www.dnevnik.com.mk

Сподели