Пети кладенци, извор кој ги напојува и жедните и паталците
Вторник, 03 Ноември 2015 13:10
Оливер Арсовски
На 16 километри од Кратово се наоѓа едно од најголемите македонски села од разбиен тип. Скриени во блиската гора, тука се наоѓаат пет извори со лековита вода, кои со години ги лекуваат маките на паталците, пишува во репортажата во „Нова Македонија“. Лекуваат проблеми со очите, ушите, половината, ќе ви кажат селаните, а не е мал бројот и на оние што доаѓаат да се напијат вода, онака, за здравје. Како и повеќето македонски села, и Шопско Рударе е иселено во голема мера, но оние жители што останале произведуваат еколошки производи, претежно мед. Во атарот на ова село се наоѓа и древната мегалитска опсерваторија Цоцев Камен.
Целата сторија може да ја прочитате на следниот линк:
НОВА МАКЕДОНИЈА http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112151540583