Почнува проект за заживување на Карши бавча

Вторник, 22 Јули 2014 16:36 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
alt
,,Дојди куде три бора да ти кажу три збора,, - настан со кој треба да започне уредувањето и заживување на Градскиот парк ,,Карши бавча,,
22.07.2014

Здружението ,,Регионален центар за одржли развој,, Кратово  во соработка со здружението ,,Плоштад Слобода,, Скопје и Општина Кратово, во рамки на проектот Граѓански активатор, покрена иницијатива за заживување и уредување  на Градскиот парк ,,Карши Бавча,, во Кратово.

   Настанот е насловен ,,Дојди куде три бора да ти кажу три збора,, и ќе се одржи на самиот локалитет на 23.07.2014 (среда) со почеток во 12.00 часот.  Со овој настан се означува почеток на реконстукција на овој локалитет со изградба на нов мост кон малиот анфитеатар.

Сподели