Деновиве жителите на Кратово се сведоци на подобрено улично осветлување. Заради остварување на енергетска ефикасност и заштеда на електрична енергија, а воедно и подобрување на уличното осветлување општина Кратово отпочна со замена на постојните светилки за улично осветлување со штедливи светилки. Новите светилки зрачат портокалова-црвена светлина, создавајќи романтична атмосфера, коментираат кратовци.