Потпишан меморандум за соработка - ќе се менува покривот на кратовската гимназија
Вторник, 19 Мај 2015 15:04
Оливер Арсовски
 |
|
|
Денеска во просториите на општина Кратово беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) – Скопје Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) претставуван од Раководител Небојша Мојсоски, Општина Кратово - Градоначалник г-дин Мите Андоновски и СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово - директор Тони Јанев.
Овој меморандум за соработка има за цел обезбедување стимул за средното општинско училиште и локалните заедници ПМИО за користење - реновирање на гимназијата како и за да се создаде подобра средина за учење преку тесна соработка со Одделот за капитални инвестиции при Министерството за образование и наука и општината Кратово.
Предмет на овој меморандум има за цел:
-
-Обезбедување поддршка за училиштето и за локалната заедница во воспоставувањето на успешни локални партнерства при реализацијата на активностите во Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието;
-
-Партнерска соработка на училиштето и локалната заедница во реновирањето на училиштето и нивно партиципирање во работна рака, опрема или финансиски средства со минимум 10 % од вредноста на проектот;
-
-Градење на капацитетите на вклучените учесници од училиштето и општината во процесот на реновирањето на училиштето односно промена на постојниот кров и неговото натамошно одржување.
Вкупниот буџет на Проектот за реконструкција на кровот на СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово изнесува 1.597.389,оо денари.
|