Повик до средношколците од Североисточниот регион: Дa ја поттикнеме дигитализацијата на библиотеките

Петок, 15 Јануари 2021 20:53 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Доколку сте средношколец во некое од училиштата од Североисточниот регион, Ве повикуваме да земете учество во истражувањето за актуелизирање на прашањето за дигитализација на училишните и градските библиотеки и брз и лесен пристап до дигитални содржини.

Целта е да се унапреди процесот на дигитализација на библиотекарските институции со примена и прилагодување на новите информациски потреби на учениците за подобар квалитет во образовниот процес, како и да се олесни пристапот на книгите до читателите.Североисточен регион — Википедија

Печатените книги сè повеќе им отстапуваат место на дигиталните изданија, кои се лесно достапни и прилагодени на новите потреби на корисниците, не зафаќаат простор и ја доближуваат читателската публика до книгата на едноставен и брз начин.

Во време на паднемија и изолација, особено на младите, кои применуваат далечинско учење, дигиталните книги им го прават читањето и знаењето лесно достапно, без временски ограничувања, штитејќи го здравјето на сите.

Целта е да се поттикне развојот на дигитализацијата во сферата на библиотекарството и да се актуелизира прашањето за дигитализацијата на училишните и градските библиотеки, како најкористени ресурси од страна на средношколците.

Ве повикуваме да одговорите на прашалникот за да ги согледаме потребите, можностите и придобивките од дигиталната ера во библиотекарството.
ПРАШАЛНИКОТ Е НА СЛЕДНИОТ ЛИНК (ќе ви одземе 2-3 минути)

https://www.kumanovonews.mk/vesti/povik-do-srednoskolcite-od-severoistocniot-region-da-ja-pottikneme-digitalizacijata-na-bibliotekite?fbclid=IwAR3BFb0p_yUydKy7oZTq4Om3sxx51t7lnJUqmrZLfeNVk14nyAcnkjf1m7Mпрашалник

Сподели