Повик за пријавување за скокање по крстот за Водици

Среда, 15 Јануари 2014 13:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

По повод големиот христијански празник Богојавление-Водици , на ден 19.01.2014 година (недела), во 11.00 часот на Градскиот базен во Кратово ќе се изврши голем Богојавленски водосвет под покровителство на градоначалникот на општина Кратово.

За најсреќниот следува награда - плазма телевизор. Право на учество имаат сите заинтересирани полнолетни граѓани кои можат да се пријават во зградата на Општина Кратово кај лицето Кристина Петровска или на контакт телефон 031/481-202.

Ве покануваме да бидете дел од овој традиционален верски настан.

http://republika.mk/wp-content/uploads/2013/01/Vodici-Krstenie-Hristovo.jpg

Сподели