Попладнево во Кратово изгоре куќа во која живеело ромско семејство. Немилиот настан се случил во 14.30 часот, кога пожар пламнал во куќа во Бабакарина река. Поради непристапноста на теренот, пожарот брзо се проширил и го изгорел горниот кат и покривната конструкција.


