Кои се настаните од 2014-та година кои со црвена боја ќе ги запишете во Вашиот животен календар?
Многу настани кои се случија во текот на изминатата година со сигурност ќе ги запишам во мојот животен календар. Пред се, би ја издвоил убедливата победа на парламентарните избори, со која народот ја даде довербата на владеачката ВМРО- ДПМНЕ, а со тоа и жителите на Кратово ја избраа подобрата страна и со тоа остваривме убедлива победа како никогаш досега. Како резултат на таа доверба од страна на граѓаните, јас добив пратенички мандат со кој, со сигурност, во наредниот период ќе ја оправдам нивната доверба и ќе се залагам да ги реализирам сите ветени работи за време на предизборната кампања. Друг настан кој, исто така, ме прави среќен е инвестицијата во ТИРЗ Ранковце, инвестиција вредна 400 милиони долари со која ќе се вработат 5000 невработени лица, од кој голем дел ќе бидат од нашиот град, со помош на која значително ќе се намали невработеноста во Кратово и ќе се подобри животниот стандард на жителите. За мене 2014 година беше една од поуспешните години, исполнета со многу настани кои дефинитивно веќе се запишани во мојот животен календар.
Во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на граѓаните на Кратово им ветивте многу проекти за подобар живот во градот. Што би можеле да издвоите како позитивна реализација во периодот на Вашиот мандат како пратеник? На што најмногу беше насочена Вашата енергија?
Јас пред се сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за довербата што ми ја дадоа на изминатите парламентарни избори, благодарение на која јас се здобив со уште еден пратенички мандат. Во изминатата 2014 година влеговме со потцртани цели за напредок и решавање на многу проблеми и со сигурност тврдам дека постигнавме голем успех во тоа. Изминатата 2014 година ја завршивме санацијата на свлечиштето, која беше завршена во точно предвидениот рок, понатаму во завршна фаза е изградбата на игралиштето на Стара Мусала, планирана е изградба на повеќенаменско игралиште во с.Кетеново, завршена е реконструкцијата на старите објекти во старата Кратовска чаршија. Секако дека оваа година ќе ја паметиме по веќе најавената инвестицијаодстранана “ВеибоГрупс” воиндустрискатазона ТИРЗ Ранковце,којае од исклучително значење не само за Кратово,туку за целокупниот северо-источен регион и која воедно ќе биде најголема инвестиција во Република Македонија и со која бројот на невработени во овој регион ќе се намали за најмалку 5000 лица. Со оваа инвестиција значително ќе се намали бројот на невработени лица во Кратово.
Ветувам дека во наредниот период ќе продолжиме неуморно да работиме за остварување на програмата ветена пред граѓаните на Кратовo, со што ќе ги реализираме предвидените проекти, како што се: археолошкиистражувања, заштита, конзервација, реставрација и презентација на тунелите во Кратово; санација и реставрација на ентериерот на Златкова Кула...
Планирани се многу проекти во претстојниот период во областа на инфраструктурата и тоа: санација на локалните патишта: Ул. Св. Ѓорѓи Кратовски; Ул. ГоцеДелчев; Ул. ВераЈоциќ (со потпорен ѕид); Ул. КочоРацин; патот во село Страцин до црквата Св. Димитрија; патот во село Татомир, во село Железница; во село Кетеново во должина од 100m; село Филиповци и, преуредување на коцката од Кратис до Радин мост и други.
Во тек е изградба на патната делница С. Коњух – Бељаковце во вредност од 30 милиони денари, исто така во програмата до 2018 година влегува и патот од Каврак-брана до село Кнежево (II дел) – во должина од 2.873m, со вредност од 23.575.682 денари и во план е пробивање на патот од Табачка маала до с.Горно Кратово.
Изградба на нова и реконструкција на постојаната делница Бељаковце-Крива Паланка, каде се планирани обновување на 33 постојни мостови, изградба на 11 нови мостови, изградба на 14 тунели, нова изградба на 34 км од главниот колосек и на 7,05 км колосек на станици, инсталирање на кабелски водови и огради, поставување безбедносни бариери и заштита од врева и вибрации, инсталирање на 28 скретници, изградба на нова трафостаница во железничка станица Кратово, поставување на нови сигнално-сигурносни уреди ETCS ниво 1, изградба на две железнички станици во Кратово и Гиновце како и 3 стојалишта во Шопско Рударе, Крилатица и Псача, како и изградба на подвозници и надвозници.
Предвидена е исто така и изградба на колекторски систем и секундарно поврзување на водоводната мрежа во град Кратово, во вредност од 15.000.000 денари.
Во областа на образованието,исто така влегуваат многу проекти од кои ќе ги издвојам: изградба на спортска сала при ОУ “КочоРацин”; санација на покривот на основното училиште во с. Туралево и реновирање на училишните згради во с. Железница и с. Коњух.
Но како еден од побитните проекти кој сакам да го истакнам и кој во најскоро време ќе започне да се реализира е изградба на градски пазар и паркинг со помош и подршка на Министерството за финансии.
Планирате ли да го понудите градот како атрактивно место за домашни и странски инвеститори? Што е тоа што се надевате дека ќе го остварите во Кратово за зголемување на вработеноста?
Општина Кратово секогаш дава приоритет кога станува збор за домашните и странските инвестиции во општината, бидејќи тие имаат голем придонес за локалниот економски развој и за отварањето нови работни места. Јас ветувам дека во престојниот период ќе продолжиме со напорите за намалување на невработеноста во Кратово, а тоа ќе го постигнеме со изградба на индустриска зона во село Туралево, која ќе биде сместена во рамките на фабриката “Иднина Змеј” во која наредната година сигурно ќе има заинтересирани домашни и странски инвеститори, кои со сигурност ќе инвестират во нашиот град. Како основач на оваа индустриска зона е Владата на Република Македонија, со која се утврди дека постојат значително добри услови за изградба на оваа индустриска зона, која верувајте ќе донесе големи бенифити на нашиот град и нашите сограѓани. Значи, до крајот на јануари или почетокот на февруари 2015 година Агенцијата за просторно планирање би требало да ја заврши државната урбанистичка планска документација, а веднаш потоа Министерството за земјоделство треба да изврши пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Откако ќе се изврши пренамена на земјиштето, би требало да се направи елаборат за експропријација, кој заедно со процесот за експропријација за кој е задолжена Управата за имотно правни работи би требало да бидат готови за месец дена. Откако ќе се завршат сите погоре наведени формалности треба да се поднесе барање до Владата на Република Македонија за основање на зона, која според моите сознанија треба да биде завршена во третиот квартал на 2015 година, со тоа што граѓаните на Кратово ќе можат да очекуваат инвеститори во оваа индустриска зона, со што значително ќе се намали невработеноста во нашиот град.
Вотек е владина кампања за здрав живот и исхрана, но колку Вам ви останува време за да се посветите на себе си? И тоа малку слободно време кое го имате, како најчесто го користите?
Секој кој одговорно ја разбира оваа работа, може да замисли колку многу напор е потребен за да се сменат некои работи, низ колку компромиси и преговори треба да се помине за да се постине поставената цел. Јас можам да потврдам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија работи со силно темпо кое стана карактеристика за нашиот мандат и нов репер за следните генерации политичари. Поради ваквиот начин на работа, навистина на сите нас ни е потребна здрава исхрана и здрав начин на живеење, здрави навики, поради таа причина јас во целост ја подржувам владината кампања за здрав живот и здрава исхрана. Мислам дека сите граѓани треба да ја подржат оваа владина кампања и да се придржуваат кон здравите навики, сите ние имаме еден живот, кој е како огледало, ако му се муртиш и тој ќе ти се намурти, ако му се насмееш, ти враќа со насмевка. Хранете се здраво, избегнувајте ги лошите навики кои ви штетат на вашето здравје. Со здрава храна и здрави навики до здрав и долг живот.
За крај, што напишавте во Вашата новогодишна честитка до кратовчани?
Посакувамво 2015 година да бидеме посплотени и да покажеме поголема меѓусебна почит.Ако ние сограѓаните се почитуваме меѓусебно, не само што полесно ќе ги решаваме проблемите и ќе ги остваруваме целите, туку и од надвор повеќе ќе не респектираат. Ова го кажувам во секоја смисла, во меѓуетничка, во меѓурелигиска, во меѓупартиска и во секоја друга смисла. Затоа на сите кратовчани и на сите граѓани на РМ им посакувам желби за добро здравје, повеќе љубов и разбирање, спокојство, мир, просперитет и личен успех.
Нека ви е среќна и успешна новата 2015 година, нека ве служи здравјето драги мои сограѓани.
Среќна и бериќетна Нова 2015 година Ви посакувам на сите Вас.
