Прегладнети волци нападнале добиток во кратовското село Кетеново

Четврток, 15 Август 2013 12:16 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

http://vinkoroncevic.webs.com/photos/Zivotinje/vuk28cd.jpg

Глутници волци влегуваат во трла и го напаѓаат добитокот во кратовските села. Во атарот на село Кетеново, на половина пат кон локалитетот Куклица, волци нападнале стадо со кози и телиња. Притоа, задавиле една коза и напднале теле, кое не успеале да го соборат. Пред неколку дена волци нападнаа на неколку километри источно, во кривапаланечкото село Дубровница. Селаните велат дека невообичаено е волците налето да нападнат и да влезат во селата по течението по Крива Река. Тоа е знак дека во околните шуми нема доволно дивеч како храна за волците, па приморани се и во август да се спуштат многу пониско и да напаѓаат домашни животни.

Сподели