Како резултат на истражувачкиот процес и анализата на податоците во рамките на активностите за борба противдезинформации, Фондацијата „Метаморфозис“ ги предлага следниве препораки како основа за заедничка општествена акција за решавање на овој проблем:
Неопходен е системски пристап за градење култура на критичко мислење и општествен дијалог на сите нивоа, почнувајќи од образовниот систем, односот на институциите и засегнатите страни од сите сектори, како и на семејно и индивидуално ниво.
Земајќи ја предвид високата поларизација во општеството по повеќе линии, при подготовка на интервенции против дезинформациите, важно е да се носат одлуки засновани на податоци за тоа дали во дадена ситуација е ефективно да се примени конфронтативен пристап (преку кој може да се зајакне поларизираноста) или да се настојува преку широк и инклузивен општествен дијалог да им се даде шанса на сите страни да преиспитаат дел од своите вредности, перцепции и размислувања.
Подложноста на теориите на заговори и другите алтернативни наративи е последица на структурни фактори, кои треба да се адресираат со конкретни програми, наместо со патологизација или практики на политизација, отфрлање или игнорирање.
ПРЕПОРАКИ ЗА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Институциите, во партнерство со медиумите и граѓанските организации, треба да креираат политики и механизми за развивање на медиумската писменост и за зголемување на отпорноста кон дезинформации.
При тоа, треба да ги надградат и етичките кодекси што се однесуваат на нивните вработени со цел инкорпорирање на борбата против дезинформации како основна вредност и понатамошен развој на соодветни работни процедури.
Сите институции, а особено оние од областа на здравството, да ги поддржат медиумите, сервисите, организациите што директно работат на откривање на дезинформациите поврзани со ковид-19 преку промоција на изработените содржини на своите профили на социјалните мрежи и веб-страниците.
Државните институции од законодавната и извршната власт треба да заземат проактивна улога во зајакнувањето на финансиските капацитетити на медиумите, како и во креирањето поволна средина за финансиски инвестиции во медиумската индустрија.
Особено е важно да се инвестира во јакнење на свеста за улогата на медиумите како двигатели на демократијата во општеството, а
подобрувањето на состојбата со медиумите треба да се третира како стратешка цел.
Министерството за образование и наука, во соработка со Министерството за здравство, да основа посебен фонд за овозможување соработка со академската заедница, универзитетите и научните институти во насока на имплементација и на научни истражувања за присуството на дезинформации поврзани со ковид-19.
Владата на РСМ треба што поскоро целосно да го спроведе „Акцискиот план за одлучна акција против ширењето дезинформации“, чија предлог-верзија ѝ беше претставена на јавноста на 24 јули 2019 година. При тоа особено е важно да го засили и комплетира спроведувањето на вториот дел од акцискиот план со наслов „Проактивни мерки“:
Да ја активира акциската група составена од функционери на највисоко ниво;
Да се спроведат предвидените едукативни кампањи и тоа и таа наменета за јавноста, но и внатрешната, наменета за вработените и
функционерите во јавната администрација;
Да ја продолжи дискусијата со медиумите и организациите од граѓанското општество за начинот на поддршка за продукција на
медиумски содржини на тема борба против дезинформации.
Државните институции треба да покренат процес за креирањедржавна стратегијаза борба против дезинформации, која ќе ги земе предвид и искуствата од примената на Акцискиот план, како и потребите за негова надградба во услови на пандемија.
овозможат редовна проверка (мониториинг) дали со нивни средства се спонзорираат медиуми што шират дезинформации.
ПРЕПОРАКИ ЗА ИНДИВИДУАЛНИТЕ МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ, ОДНОСНО НОВИНАРИТЕ
Медиумските работници, како и медиумите во целост, треба да се залагаат за зголемено почитување на професионалните и етичките
стандарди во новинарството, како и зголемена примена на алатките за саморегулација.
Медиумите треба активно да учествуваат во борбата против сите видови дезинформации и за промоција на медиумската писменост преку
зголемување на квалитетот и разновидноста на медиумските програми од информативно-едукативен карактер.
Во случај да немаат сопствени содржини, да се заложат за пренесување содржини изработени од сите други сервиси за проверка на факти или
медиуми што редовно дебанкираат дезинформации во рамките на своето работење.
ПРЕПОРАКИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ МЕДИУМСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И СРОДНИТЕ ТЕЛА
Потребно е да се зголеми соработката меѓу професионалните медиумски организации како и другите институции што се релевантни за
медиумскиот сектор.
Исклучително важно е повеќе да се промовираат механизмите на саморегулација како средство преку кое граѓаните имаат прилика да укажат на злоупотреби од страна на неетички медиуми.
При тоа, важно е јавните активности за проверка на факти да се афирмираат како форма на саморегулација во рамките на медиумската
заедница, а и како средство за поттикнување јавна дебата за квалитетот на медиумските содржини и вид неформална едукација со која
професионалните стандарди на практичен начин се приближуваат до пошироката публика.
ПРЕПОРАКИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Граѓанските организации треба да продолжат со креирање и акумулирање знаења поврзани со проблемот на дезинформациите, градејќи
архиви на содржини во кои ќе се собираат сознанија и објаснувања за разоткриените манипулации и дезинформации, кои ќе бидат објавени под лиценци што дозволуваат користење од други тела. Пример за ваков ресурс е веб-сајтот на „Критинк“ (crithink.mk), кој содржи и архива на аналитички и едукативни написи и е-библиотека со мултимедијални содржини, дигитални изданија и материјали за обуки. На тој начин секоја од граѓанските организации ќе може да ги преземе содржините и да ги распространи на своите веб-страници или социјалните мрежи, да иницира и води проекти за обуки на своите целни групи, како и да придонесе со свои содржини на ист начин.
Што повеќе организации да се заложат дека ќе отпочнат со сопствени проекти со кои ќе работат на јавната свест за дезинформации или да се приклучат на проекти на оној дел од невладиниот сектор што веќе работи на дебанкирање на дезинформациите. При тоа да работат на диверзификација на целните групи од нивните заедници за кои ќе утврдат дека се најподложни на негативното влијание на дезинформациите.
Да се обмислат различни пристапи кон објаснувањето на штетноста од дезинформациите кај различните возрасни групи, со особен акцент на младите.
Граѓанските организации треба да креираат содржини и промотивни кампањи со кои на јавноста ќе ѝ се претстават позитивните наративи,
базирани на факти, во кои ќе се претстават мерките за спречување на ширењето на епидемијата и продобивките од вакцинирањето, со цел да се намали двоумењето околу вакцинирањето (vaccine hesitancy), но и спротивставувањето на користењето на вакцините против ковид-19.
Повеќе локални и грасрутс граѓански организации треба да се вклучат во напорите за зголемување на медиумската писменост и критичкото мислење во нивните заедници и тоа на сите нивоа: преку курикулуми кои ќе ги креираат самостојно или во соработка со академската заедница, посебно развиени за борба против дезинформациите за ковид-19, повикувајќи се на актуелната пракса на проверувачите на факти во земјата.
Граѓанските организации што работат на полето на медиумската писменост и проверката на факти ќе ги зголемат своето влијание и можности за соработка со приклучување кон националната Мрежа за медиумска писменост и регионалните или меѓународните мрежи наменети за борба против дезинформациите.
Граѓанските организации треба да започнат активности за лобирање и застапување пред власта со цел да се зголеми поддршката на јавните и државните институции во борбата против дезинформациите и засилувањето на медиумската писменост и зајакнувањето на критичкото мислење, како и да се настојува соодветните државни тела (обвинителство, судство) да ги спроведуваат релевантните закони наспроти неказнивоста, а Владата да продолжи да развива и спроведува документи за јавни политики, почнувајќи од вториот дел на Акцискиот план за одлучна борба против дезинформациите.