Актуелниот претседател на Македонија и кандидат за втор мандат, Ѓорѓе Иванов, вчера ја покажа хуманата страна на неговата личност. При прошетката по кратовскиот плоштад, налета на донаторски пункт на кој се собираа средства за помош на малата Ања Арсовска од Кратово. Претседателот Иванов донираше 500 денари, а по него и неговите придружници, но и локалните политичари посегнаа по паричниците и донираа за малата Ања.



