Приказната за Кратово наскоро на Сител и Алфа тв

Петок, 17 Јануари 2014 14:25 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Кратово како град со богата историја зазема значајно место на културната мапа на Македонија. Интересот за неговите откриени и неоткриени културно-историски богатства станува се поголем. Почитувањето и негувањето на традиционалните вредности во Кратово беше повод на 15.01.2014 altгод.(среда) Кратово да го посетат екипите на двете национални телевизии „Сител“ и „Алфа“. Во Саат кулата беше присутна екипата на Забавната редакција на Сител телевизија каде се снимаше прилог за историската поставка во кулата, културното значење и активностите на општина во областа на културата и уметноста. Исто така се снимаше инсерти за минатото и староградската традиција на Кратово. Додека во Хотел „Кратис“ се одвиваше снимањето на емисијата „Вкусот на традицијата“ со Андријана Алачки, каде беше презентирано богатството од вкусови на кратовската традиционална кујна. Сето ова беше под покровителство на Градоначалникот на општина Кратово, потпомогнато од гостољубивиот персонал и вредните раце на вработените во хотел „Кратис“ кои ги приготвија вкусните кратовски специјалитети: мантии, мезалк, армк, праз со месо и секако познатата кратовска пастрамајка. За изработка на сценографија и altкостимографија голем придонес даде Музеј на град Кратово. Емисијата ја разубавија и збогатија членовите на КУД „Ефрем Каранов“ придружени со звуците на „Кратовските тамбураши“. Циклусот на емисии ќе биде емитуван во текот на наредната седмица.

Сподели