Вработените од кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“ беа во возвратна посета на колегите од гимназијата „Исмет Јашари“ од Липково. Таму се запознаа со условите за работа во училиштето, се запознаа со дел од учениците од Липково, разменија искуства и мислења и договорија дополнителни активности во периодот кој доаѓа. Во рамките на посетата, беа посетени двете вештачки езера (Липковско и Глажња), по што следуваше ручек во пријатна атмосфера во еден од рестораните во близина на браната.


