Во чест на големиот јубилеј 500 години од упокојувањето на патронот и заштитник на Кратово - Свети Ѓорѓи Кратовски, Општина Кратово во соработка со Македонската Православна Црква Ве поканува на тридневна прослава на патрониот празник.
ПАТРОНСКА ПРОГРАМА
22.02.2015 год. (недела) - Централна прослава
- 08.30 часот - Света Архиерејска Литургија на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Кумановско - Осоговски г. д-р Јосиф во црковниот храм Свети Ѓорѓи Кратовски
- 10.30 часот - Свечена Литија во чест на свети Ѓорѓи Кратовски
- 11.00 часот - Отварање на свеченоста со поздравни говори и водокрст на Градскиот плоштад
- - 11.30 часот - Културно уметничка програма
„Балкански фолклорен колаж“
- настап на КУД „Ефрем Каранов“ - Кратово, Р.Македонија
- настап на КУД „Шумадија“ - Младеновац, Р.Србија
- настап на КУД „Драгутин Домјаниќ“ - Вугровец, Р.Хрватска
- настап на КУД „Неврокопски ансамбл за народни песни и танци“ - Гоце Делчев, Р.Бугарија
23.02.2015 год. (понеделник)
- 12.00 часот - Свечена програма „Во чест на нашиот закрилник свети Ѓорѓи Кратовски“ - Музеј на град Кратово
- литературно читање на избрани творби на Конкурсот на тема „Во чест на нашиот закрилник свети Ѓорѓи Кратовски
- промоција на книгата „Верата и љубовта на клада“ - Арсен Крстевски
- отварање на Изложба на икони во чест на свети Ѓорѓи Кратовски - автори Билјана Бинчев и Новица Трајковски
24.02.2015 год. (вторник)
- 08.00 часот - Утрена Богослужба на Митополитот Кумановско - Осоговски г. д-р Јосиф во црковниот храм „свети Ѓорѓи Кратовски“
- 11.00 часот - Духовна Академија „Свети Ѓорѓи Кратовски - Со љубов славиме“ - Мултимедијален центар (кино сала)
- гостување на црковниот храм Свети Нектариј Битолски - Битола


