Крупни, но реални ветувања им понуди на граѓаните на Кратово кандидатот за градоначалник од редовите на владеачката коалиција, Мите Андоновски. Во реновираниот мултимедијален центар кандидатот на Социјалистичката партија на Македонија ја претстави изборната програма за претстојните локални избори и својата визија за општината Кратово.
Главен адут ќе биде гасификацијата на општината, отварањето Центар за лица со посебни потреби, довршување на започнатиот проект за колекторски систем, асфалтирање на патишта во градот и околните села, изградба на спортска сала и многу други проекти.
Андоновски побара трет мандат од граѓаните на Кратово за да заврши дел од започнатите проекти, но и да започне нов бран инвестиции во општината.