&;feature=youtu.be
Четири тома од ракописната оставнина на револуционерот и гемиџија Павел Шатев денес беа промовирани во Кратово, во рамки на манифестацијата „Кратовско културно лето“. На денот кога Кратово одбележува 131 година од раѓањето на својот великан, светлината на денот ја доживеаја првиот том на „Историја на Македонија“, вториот том на „Борис Сарафов - биографија“, четвртиот том на „Полициско досие“ и книгата „Спомени“.
Нови моменти за животот на гемиџијата дознаваме од Предраг Димитровски, човекот кој е „виновен“ што ракописите на Шатев неговата ќерќа Милка и ги подари на Македонија. Негова претпоставка е дека Шатев неслучајно го избегнал Голи Оток.
-Постои податок дека Јосип Броз – Тито и основачот на југословенската УДБА, односно ОЗНА, Јосип Копинич, престојувале во почетокот на мај 1940-та година во Цариград, место и град со кој Шатев имал исклучително добри врски по разузнавачка линија. Тоа му се враќа по тоа што не го упатуиле по апсењето на Голи Оток, за разлика од голем број други македонски револуционери кои, исто така, под плаштот на Информбирото завршиле трагично со својот животен пат – вели Предраг Димитровски.
Наскоро се очекуваат нови четири тома од ракописите на Шатев да излезат од печат.
Оливер Арсовски