Мите Андоновски си дал оставка од функцијата градоначалник (сака човекот, ама џабе му е кога кратовци не му дозволуваат)
Марјанчо Колевски носител на листа во 3-та изборна единица за парламентарни избори (исправка, лошо сум видел, на 2-ра позиција е бидејќи само Пробиштип има подобри изборни резултати од Кратово)
Опозицијата во Кратово победи на локалните избори 2013 (ќе биде, ќе биде, ама таму некаде 2028 кога Бранко ќе замине во вистинска, а не претседателска пензија)
Игор Смиљковски се ошишал „нуларица“ (невозможно, додека не видам со свои очи, нема да поверувам, па ни тогаш)
ФК Силекс останува и догодина прволигаш (чуда се можни, ако УЕФА или ФФМ ги суспендираат Дрита и Пелистер)
Пане Мафич е виден со долга врчкава коса (ма не е можно, мора да е бил на некој маскенбал)
„Аберџијата“ почнал да пишува и за опозицијата (што се чудите, досега не пишував бидејќи немаше што да се напише за нив, кога и они „ќе ги изберат делата наместо фразите“, ќе им отстапиме простор)
Стојан Миланов заминал во пензија (сте се зафркнале, човекот се чувствува толку млад што уште 20 години ќе дрма на политичката сцена, и Андов да му позавиди)
Љупче Шурда успеал да „закуца“ на кошот во гимназија (нека си мисли, претходната ноќ некои крадци на железо го спуштиле кошот пола метро пониско)
Д-р Трајче Аритонов ја затвори стоматолошката ординација (и си замина дома на ручек, па таму попладне пак ќе ја отвори)