Разбојник малтретирал и ограбил брачен пар од Шопско Рударе

Сабота, 23 Февруари 2013 15:41 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Маскиран сторител  со закана со пиштол и нож  извршил разбојништво, при што  им одзел 150 евра на повозрасен брачен пар од кратовското село Шопско Рударе, соопшти во саботата МВР. Насилството се случило пред два дена околу 23,30 часот над С.П. (73) и неговата сопруга Т.П. Делото е извршено на тој начин што сторителот откако  влегол во куќата  го турнал С.П. на  кревет, нанесувајќи му телесни повреди и притоа барајќи му пари од маса  земал нож и со истиот замавнувал кон С.П. заканувајќи му се дека ќе го убие.

полицаец крадецПотоа, извршил пребарување по собата, а откако С.П.  му ги дал парите, сторителот му го зел мобилниот телефон и го искршил. Кога излегувал од куќата, сторителот наишол на Т.П.  која  слегувала  од горниот кат, при што физички ја нападнал со удари со тупаници во пределот на лицето и побегнал. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Кратово и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Сподели